Заштита на SIM-картичката
Секоја SIM-картичка во уредот може да се заклучи и отклучи со PIN (Personal Identity Number -
личен број за идентификација). Кога SIM-картичката е заклучена, претплатата поврзана со неа е
заштитена од злоупотреба и при секое вклучување на уредот, треба да го внесете PIN бројот.
Ако внесете неточен PIN повеќе пати од максимално дозволениот број на обиди, вашата SIM-
картичка ќе се блокира. Тогаш треба да го внесете вашиот PUK (Personal Unblocking Key - лична
шифра за отклучување) и потоа нов PIN. PIN и PUK броевите ви ги дава мрежниот оператор.
Поставување заклучување на SIM-картичката
1
Од почетниот екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Безбедност > Постави заклучување на
SIM-картичка.
3
Повлечете го лизгачот покрај Заклучи SIM-картич. до положбата Вклучено.
4
Внесете го PIN-кодот на SIM-картичката и допрете OK. Заклучувањето на SIM-картичката
сега е активно и од вас ќе се бара да го внесувате при секое рестартирање на уредот.
Отстранување на заклучувањето на SIM-картичката
1
Од почетниот екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Безбедност > Постави заклучување на
SIM-картичка.
3
Повлечете го лизгачот покрај Заклучи SIM-картич. во положбата Исклучено.
4
Внесете го PIN-кодот на SIM-картичката и допрете OK.
За да се промени PIN на SIM-картичката
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Постави заклучување на SIM-
картичка.
3
Допрете Промени PIN на SIM.
4
Внесете PIN од старата SIM-картичка и потчукнете OK.
5
Внесете PIN од новата SIM-картичка и потчукнете OK.
6
Повторно внесете го новиот PIN на SIM-картичката и допрете OK.
Отклучување блокирана SIM-картичка со помош на PUK кодот
1
Внесете го PUK кодот и допрете
.
2
Внесете нов PIN код и допрете
.
3
Повторно внесете го новиот PIN код и допрете
.
Доколку премногу пати внесете неточен PUK код, треба да контактирате со мрежниот
оператор за да земете нова SIM-картичка.