Sony Xperia Z3 - Наоѓање на идентификацискиот број на уредот

background image

Наоѓање на идентификацискиот број на уредот

Вашиот уред има единствен ID (идентификациски) број. Во уредот, овој број се спомнува како IMEI
(Меѓународен идентитет на мобилна опрема). Треба да чувате копија од овој број. Може да ви
треба, на пример, кога ќе пристапите до услугата за поддршка Xperia™ Care и треба да го
регистрирате својот уред. Исто така, доколку уредот го украдат, некои мрежни оператори може да
го користат овој број за да го прекинат пристапот на уредот до мрежата во вашата земја.

19

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Прикажување на бројот IMEI

1

Откачете го капакот на лежиштето за SD-картичка.

2

Со помош на пенкало со остар врв или слечна алатка, притиснете ја мемориската картичка
навнатре па бртзо отпуштете ја.

3

Повлечете ја мемориската картичка кон надвор за да ја отстраните.

4

Вметнете го врвот на ноктот или сличен остар предмет, како пенкало, во дупчето во
носачот на етикетата, па повлечете го носачот нанадвор за да го видите бројот IMEI.

Бројот за IMEI можете да го видите и така што ќе го отворите телефонскиот бирач на
уредот и ќе внесете

*#06#*

.

Прикажување на бројот IMEI преку поставките на уредот

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > За телефонот > Статус > Информации за IMEI.