Поставување на е-пошта
Користете ја апликацијата за е-пошта во својот уред за да испраќате и примате пораки на е-пошта
преку својата сметка на е-пошта. Може да имате една или повеќе сметки на е-пошта во исто
време, вклучувајќи службена сметка на Microsoft Exchange ActiveSync.
Поставување сметка за е-пошта
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Е-пошта.
3
Следете ги упатствата на екранот за да го завршите поставувањето.
За некои услуги за е-пошта, ќе треба да побарате информации од давателот на услуги за
деталните поставки за сметката за е-пошта.
Додавање дополнителна сметка за е-пошта
1
Од Почетен екран, допрете ја .
2
Најдете и допрете ја опцијата Е-пошта.
3
Допрете го , па потоа допрете го Поставки > Додај сметка.
4
Внесете ги адресата за е-пошта и лозинката, па допрете ја опцијата Следно. Ако
поставките за сметката за е-пошта не можат да се преземат автоматски, завршете го
прилагодувањето рачно.
5
Кога ќе завршите, допрете го Следно.