Додавање географска местоположба во фотографиите
Вклучете гео-означување за да се додаде приближната географска локација (гео-ознака) на
фотографиите при нивното правење. Географската локација се одредува со безжични мрежи
(мобилни или Wi-Fi мрежи) или со технологијата GPS.
Кога на екранот од камерата ќе се појави , гео-означувањето е вклучено, но географската
местоположба не е пронајдена. Кога ќе се појави , гео-означувањето е вклучено и географската
локација е достапна, па на фотографијата може да ѝ се постави гео-ознака. Кога ниту еден од
овие два симболи не се појавува, гео-означувањето е исклучено.
Вклучување на гео-означувањето
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Локација.
3
Допрете го прекинувачот за вклучување/исклучување.
4
Активирајте ја камерата.
5
Допрете .
6
Допрете Повеќе > Зачувување локации. Повлечете го лизгачот надесно.