Пренесување музика во уредот
Има неколку начини на пренесување музика од компјутерот во уредот:
•
Може да пренесувате музички датотеки помеѓу уредот и компјутерот со помош на дадениот USB
кабел. Откако ќе се поврзат, одберете Пренос на датотеки (MTP) на уредот и потоа
едноставно ископирајте ги и залепете ги или повлечете ги и испуштете ги датотеките со помош на
компјутерот. Видете Управување со датотеките со помош на компјутер на
страницата 40.
•
Може да го користите софтверот на Xperia™ Companion за пренесување медиумски датотеки
помеѓу компјутерот и уредот. Дознајте повеќе и преземете го Xperia™ Companion за Windows на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion/ или Xperia™ Companion за Mac на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion-mac/.
Апликацијата Music може да не ги поддржува сите формати на музички датотеки. За
повеќе информации за поддржаните формати на датотеки и за користењето
мултимедијални (аудио, слика и видео) датотеки, преземете ја белата книга за вашиот
уред на www.sonymobile.com/support/.