Sony Xperia Z3 - Препознавање музика со TrackID™‎

background image

Препознавање музика со TrackID™

Користете ја услугата TrackID™ за препознавање музика за да ги идентификувате песните што ќе
ги слушнете во околината. Само снимете краток дел од песната и ќе добиете информации за
изведувачот, насловот и албумот за неколку секунди. Може да ги купите песните што ќе ги
идентификува TrackID™ и да ги прегледате TrackID™ топ листите за да видите што пребаруваат

97

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

корисниците на TrackID™ во светот. За најдобри резултати, користете го TrackID™ во тивка
околина.

1

Пребарувајте песни, албуми и изведувачи

2

Креирајте профил на TrackID™ на интернет

3

Прегледајте ги тековните музички топ листи

4

Прегледајте ги опциите на TrackID™

5

Прегледајте ја историјата на претходни пребарувања

6

Проверете што пуштаат другите

7

Идентификувајте ја музиката што ја слушате

Апликацијата TrackID™ и услугата TrackID™ не се поддржани во сите држави/региони или
од сите мрежи и/или обезбедувачи на услуги. TrackID™ може да се поврзе со услугите за
стриминг на музика достапни во вашата држава.

Идентификување музика со помош на технологијата TrackID™

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете TrackID™, потоа држете го уредот близу до изворот на музиката.

3

Допрете . Доколку песната е препознаена од услугата TrackID™, резултатите се
појавуваат на екранот.

За да се вратите во почетниот екран на TrackID™, допрете .

Прегледување на информациите за изведувачот на песната

1

Откако апликацијата TrackID™ ќе ја препознае песната, резултатот ќе се прикаже на
почетниот екран на TrackID™.

2

Лизгајте до резултатот што сакате да го прегледате, па допрете го за да се отвори.

Бришење песна од историјата на песни

1

Отворете ја апликацијата TrackID™, потоа пребарајте ја песната што сакате да ја
избришете.

2

Допрете го и задржете го екранот за да се појави .

3

Допрете .

Користење на TrackID™ LIVE

TrackID™ LIVE може да го користите за да гледате кои песни се репродуцираат во ЖИВО низ
целиот свет во реално време. Постојат два начина за вклучување на TrackID™ LIVE:

Допрете на мапата од почетниот екран на TrackID™.

Или притиснете , а потоа допрете TrackID™ LIVE.

Може да ја промените брзината на добивање на репродуцираните песни и може да го
вклучувате или исклучувате звукот за приказите на песните.

98

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.