Преземање апликации од други извори
Кога уредот е поставен да дозволува преземање од други извори, освен Google Play™, може да
преземате апликации директно од други веб-локации со следење на релевантните инструкции за
преземање.
Инсталирање апликации од непознато или недоверливо потекло може да го оштети
уредот. Преземајте апликации само од доверливи извори. Контактирајте со обезбедувачот
на апликацијата доколку имате некакви прашања или проблеми.
Ако користите уред со повеќе корисници, само сопственикот, односно примарниот
корисник, може да дозволи преземања од извори што се различни од Google Play™.
Поставките направени од страна на сопственикот се одразуваат на сите останати
корисници.
За да дозволите преземање на апликации од други извори
1
Од вашиот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Безбедност.
3
Влечете го лизгачот покрај Непознати извори надесно.
4
Допрете OK.
За да работат исправно, некои апликации можеби ќе треба да добијат пристап до
податоците, поставките и различните функции на уредот. Инсталирајте ги и давајте им
дозволи само на апликациите на коишто им верувате. Може да ги прегледате дозволите
коишто сте ги дале на преземена апликација и да го промените нивниот статус со
допирање на апликацијата во Поставки > Апликации.
46
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.