Sony Xperia Z3 - Преземање апликации од Google Play™‎

background image

Преземање апликации од Google Play™

Google Play™ е официјалната електронска продавница на Google за преземање апликации, игри,
музика, филмови и книги. Таа вклучува и бесплатни и апликации што се плаќаат. Пред да
започнете да преземате од Google Play™, проверете дали имате активна интернет конекција,
најдобро преку Wi-Fi, за да се ограничат трошоците за сообраќајот на податоци.

За да користите Google Play™, треба да имате сметка на Google™. Апликацијата Google
Play™ може да не биде достапна во сите земји или региони.

За да преземете апликации од Google Play™

1

Од Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Play Store.

3

Пронајдете ја ставката којашто сакате да ја преземете преку пребарување категории или
преку користење на функцијата за пребарување.

4

Допрете ја ставката за да ги прегледате нејзините детали и следете ги инструкциите за да
ја завршите инсталацијата.

За да работат исправно, некои апликации можеби ќе треба да добијат пристап до
податоците, поставките и различните функции на уредот. Инсталирајте ги и давајте им
дозволи само на апликациите на коишто им верувате. Може да ги прегледате дозволите
коишто сте ги дале на преземена апликација и да го промените нивниот статус со
допирање на апликацијата во Поставки > Апликации.