Синхронизирање со електронски сметки
Синхронизирајте го својот уред со контактите, е-поштата, настаните од календарот и другите
информации од електронските сметки, како што се сметките на е-пошта на Gmail™ и Exchange
ActiveSync, Facebook™, Flickr™ и Twitter™. Може да синхронизирате податоци автоматски за
таквите сметки со активирање на функцијата за автоматско синхронизирање. Или може секоја
сметка да ја синхронизирате рачно.
Поставување електронска сметка за синхронизација
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Сметки > Додај сметка, потоа одберете ја сметката што
сакате да ја додадете.
3
Следете го инструкциите за создавање сметка или пријавете се доколку веќе имате сметка.
За рачно да ја синхронизирате електронската сметка
1
Од вашиот Почетен екран, допрете > Поставки > Сметки.
2
Во Сметки, допрете го името на сметката којашто сакате да ја синхронизирате. Се
појавува листа со ставки коишто може да се синхронизираат со сметката.
3
Допрете ги ставките коишто сакате да ги синхронизирате.
За да отстраните електронска сметка
1
Од вашиот Почетен екран, допрете > Поставки > Сметки.
2
Во Сметки допрете го името на сметката којашто сакате да ја отстраните.
3
Допрете , па допрете Отстрани сметка.
4
Допрете Отстрани сметка повторно за да потврдите.