Елементи
Елементите се мали апликации што може да ги користите директно од почетниот екран. Тие
функционираат и како кратенки. На пример, елементот за време ви овозможува да ги видите
основните временски информации директно од почетниот екран. Но кога ќе допрете на елементот,
се отвора целосната апликација за време. Дополнителни елементи може да преземете од Google
Play™.
27
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
За да додадете елемент на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на вашиот Почетен екран додека уредот не завибрира,
па потоа допрете го Елементи.
2
Најдете го и допрете го елементот што сакате да го додадете.
Менување големина на елемент
1
Допрете и задржете го елементот додека не се зголеми и телефонот не почне да вибрира,
потоа ослободете го. Ако на елементот може да му се промени големината, се појавува
означена рамка и точки за менување големина.
2
Влечете ги точките навнатре или нанадвор за да го соберете или раширите елементот.
3
За да ја потврдите новата големина на елементот, допрете каде било на Почетен екран.
За да преместите додаток
•
Допрете го и задржете го елементот додека не се зголеми и уредот не почне да вибрира, а
потоа повлечете го до новата локација.
Отстранување елемент
•
Допрете го и задржете го елементот додека не се одбере, а потоа повлечете го кон
Отстрани од почетен екран.